речник контакт

3агрижувачки бројки со природниот прираст во Велес во првите шест месеци

И во Градско и Лозово исто како и во Велес има негативен прираст или опаѓање на бројот на жители, додека Чашка е една од малкуте во земјава каде има позитивен прираст

Петар Печков

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бројот на новороденчиња и на починати за првите шест месеци од годинава. Како и за повеќето општини во земјава, така и за општина Велес се поразителни. Во првото полугодие биле родени 162 бебиња во велешка болница а починале 304 лица. Или општината е во минус 142 жители. Загрижувачка бројка. 

Во Општина Градско има 6 новороденчиња и 23 починати, во Општина Лозово  4 родени бебиња и 11 починати за шест месеци а во Општина Чашка има позитивен природен присраст 53 родени и 38 починати, или повеќе за 15 лица. 

Таа е една од 13 општини со позитивен прираст. Тука се Сарај, Шуто Оризари, Чаир, Арачиново, Боговиње, Дебар, Желино, Зелениково, Липково, Сопиште, Студеничани, Теарце,  Тетово и Центар Жупа. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »